Дрејмонд Грин доби нов договор од Голден Стејт вреден 100 милиони долари

Дрејмонд Грин се договори за продолжување на договорот со Голден Стејт на нови четири години, за кои ќе инкасира 100 милиони долари. 

Кошаркарот идното лето ќе беше слободен агент, но Вориорс решија да не ризикуваат и да му понудат продолжување на соработката. 29-годишниот Грин целата своја кариера ја игра во дресот на Голден Стејт, кој го драфтуваше во 2012 година како 35-ти пик од втората рунда. 

Со Вориорс освои три шампионски титули и три пати беше дел од Олстарот. Во 2017 година се закити и со признанието за најдобар дефанзивец во НБА-лигата.