Дончиќ за малку до трипл-дабл: Прв сезонски триумф на Далас (ВИДЕО)

Далас славеше со 103-95 на гостувањето кај Торонто во рамки на НБА-лигата. 

Маверикс до триумфот ги предводеше Лука Дончиќ, кој за само еден скок не запиша трипл-дабл, бидејќи натпреварот го заврши со 27 поени, 12 асистенции и девет скока. Словенецот имаше голема помош од Тим Хардавеј Јуниор, кој постигна 25 поени. 

Шампионот Милвоки се опорави од дебаклот кај Мајами пред два дена и утринава славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 121-111. Крис Мидлтон беше најдобар во тимот на Бакс со 28 поени. 

Пол Џорџ реализираше 41 поен и 10 скока за Лос Анџелес клиперс, но и тоа не беше доволно за триумф против Мемфис, кој се радуваше во „Стејплс центарот“ со 114-120. 

На останатите натпревари:
Кливленд - Атланта 101-95
Индијана - Мајами 102-91
Чикаго - Детроит 97-82
Минесота - Њу Орлеанс 98-87
ПОртланд - Феникс 134-105