Дончиќ промаши две слободни фрлања во финишот, Далас загуби од Клиперс (ВИДЕО)

Само еден меч беше одигран минатата ноќ во НБА-лигата, а во него Лос Анџелес Клиперс победи против Далас маверикс со 110-107.

По првата четвртина во која беше забележана резултатска неизвесност (24-24), Клиперс на средината на втората четвртина направија серија од 16-0, па на паузата заминаа со 60-49.

Предноста беше голема и на почетокот на третата четвртина, но Далас не се предаваше во ниту еден момент. Со одлична игра во финишот стигнаа до 78-82,па успеаа да направат и пресврт.

Меѓутоа, Клиперс заиграа за нијанса подобро во последните секунди од мечот и на крајот победија со 110-107, откако претходно Лука Дончиќ промаши две слободни фрлања.

Кави Ленард постигна 36 поени и 11 скокови кај Клиперс, додека кај Далас најдобар беше Дончиќ со 36 поени, 10 скокови и девет асистенции.