Дончиќ по ЛОИ во Токио ќе потпише договор вреден 202 милиони долари

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во 2018 година стигна во Далас маверикс во НБА-лигата и веднаш го покажа својот квалитет.

Дончиќ беше прогласен за најдобар дебитант во 2019 година, а во следните две години со своите настапи избори место меѓу најдобрите пет кошаркари, а двапати настапи во Олстар натпреварите.

Во своите три први сезони во просек постигнуваше по 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции по натпревар.

Американските медиуми пишуваат дека по крајот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, Дончиќ ќе потпише нов петгодишен договор со Далас вреден 202 милиони долари.