Дончиќ одигра страшен меч: Го урна Сан Антонио и со нов рекорд го стигна Леброн (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс славеа против Сан Антонио спарс со 117-110 со феноменален настап на Лука Дончиќ, кој постави нов рекорд во својата кариера.

Дончиќ постигна 42 поени, 11 скокови и 12 асистенции, па така стана втор кошаркар во историјата на НБА-лигата, кој постигнал повеќе од 40 поени со трипл-дабл, а да има помалку од 21 година, а тоа му успеа само на Леброн Џејмс пред повеќе од 15 години.

За Словенецот ова беше шести трипл-дабл сезонава, а вкупно 14. во НБА-кариерата. Дончиќ сега има најмногу трипл-дабл пред да наполни 22 години, а исто така тоа беше рекорден број на поени.

Освен Дончиќ, добар беше и Фини Смит со 22 поени и пет скокови, а на другата страна Демар Дерозан постигна 36 поени и осум скокови.

Останати резултати:

Њујорк – Кливленд 123-105
Бруклин – Индијана 86-115
Торонто – Шарлот 132-96
Чикаго – Милвоки 101-115
Хјустон – Портланд 132-108
Феникс – Бостон 85-99
Јута – Минесота 102-112
Лос Анџелес Клиперс – Оклахома 90-88