Дончиќ нема милост – прво го прати ривалот по бурек, а после и по јогурт (ВИДЕО)
Словенецот средбата ја заврши со 32 поени, осум скока и девет асистенции и тоа за нешто повеќе од 30 минути поминати на паркетот. Тој буквално си поигруваше со противниците, а најлошо мина Дорт Лугенц, кој на самиот старт доби лекција што долго ќе ја памети. Со народен речник, Дончиќ прво го изигра „праќајќи го по бурек“, а потоа и уште еднаш го исфинтира, бидејќи „заборавил да му донесе јогурт“.
Кај поразените, најпрецизен беше Шај Гилџис-Александер со 25 поени.