Дончиќ не можеше сам, Бостон жестоко го отвори финалето (ВИДЕО)
Тимот од Масачусетс славеше против Далас со 107-89 и покажа дека е подготвен за првата шампионска титула по пауза од 16 години. Неизвесноста на првиот натпревар траеше мошне кратко, само во првата половина од воведната четвртина во која Бостон кратко имаше и водство, со 15-14.
Првиот квартал заврши со водство на Бостон од 37-20, а се понатаму одеше на контото на домашниот тим. Разликата постојано се зголемуваше, до највисоките +29 на средината од втората четвртина по што Далас не успеа да ја загрози победата на Бостон.
Лука Дончиќ не можеше сам, натпреварот го заврши со 30 поени и 10 скока, а далеку зад него останаа Вашингтон со 14 и Харди со 13 поени. Кајри Ирвинг имаше вечер за заборав, со 12 поени и шут од игра 6/19.
Бостон имаше повеќе расположени играчи, Браун постигна 22 поена, Тејтум оствари дабл дабл со 16 поени и 11 скока, а Порзингис заврши со 20 поени. И вториот меч се игра на теренот на Бостон, в понеделник рано наутро.