Дончиќ: Не е важно дали сум повреден, се обидов да играм, но не беше доволно!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не можеше сам против Бостон селтикс во петтиот меч од финалната серија во НБА-лигата, а по натпреварот кажа дека е тажен затоа што неговата екипа ја загубила битката за шампионскиот прстен.

Дончиќ доби прашање од новинарите за тоа колку трпел болка со оглед на фактот дека беше повреден за време на финалната серија, по што даде краток одговор.

„Не е важно дали бев повреден и колку имав болки. Излегов на паркетот и се обидов да играм, но не беше доволно“, кажа Дончиќ.