Дончиќ израмни рекорд на Мајкл Џордан, ЛА Лејкерс конечно победи! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ  не престанува да го одзема здивот на кошаркарските вљубеници со нови чудесни партии и нови соборени рекорди. Синоќа направи нешто што последно му успеало на Мајкл Џордан, во 1986 година.

Словенечкиот кошаркар имаше фантастична вечер со сезонски рекорд од 44 поени во победата на Далас против Орландо со 114-105. Ова е шести натпревар во новата сезона и тој шести пат има преку 30 поени (двапати над 40), со што стана првиот кошаркар кој постигнал 30 или повеќе поени на првите шест меча од сезоната по Мајкл Џордан во 1986. Синоќа имаше помош и во Тим Хардавеј Џуниор, кој запиша 21 кош.

Шестиот натпревар од новата сезона беше оној вистинскиот за ЛА Лејкерс. Ѕвездите од градот на ангелите конечно, ја запишаа првата победа и тоа против добар противник, Денвер нагетс, со 121-110. Леброн Џејмс беше најефикасен на натпреварот, со 26 поени, на кои додаде осум асистенции и шест скока, Ентони Дејвис имаше дабл-дабл со 23 поени и 15 скока, а Вестбрук и Вокер помогнаа со по 18 коша. Водечкиот тандем на Далас беше запрен на 24 поени плус 14 скока за Никола Јокиќ и 21 за Џамал Мареј.

Лејкерс сега пружија чекор во бегство од дното на Западната конференција, додека нејзиниот врв го запоседна Феникс, со четвртата победа едноподруго. Овој пат во „Футпринт центар“ настрада Хјустон со 124-109, а Девин Букер го доби и поентерскиот дуел со Кевин Портер. Постигна 30 поени, наспроти 26 на кошаркарот на Рокетс. Петта победа едноподруго запиша Кливленд, а проблематичната низа на Голден стејт го доведе шампионот до четврти пораз.

 

РЕЗУЛТАТИ НБА

ЛА Лејкерс – Денвер     121-110

Феникс – Хјустон            124-109

Далас – Орландо            114-105

Сан Антонио – Минесота           107-98

Детроит – Голден стејт 128-114

Кливленд – Њујорк        121-108

Бостон – Вашингтон      112-94