Дончиќ и покрај трипл-даблот самокритичен: Мораме подобро, посебно јас

Лука Дончиќ имаше уште еден одличен настап и во вториот финален натпревар во НБА лигата против Бостон стигна до трипл-дабл од 32 поени, 11 скокови и исто толку асистенции.

Сепак, тоа не беше доволно за неговиот тим да слави победа и Селтикси поведоа со 2:0. По натпреварот Дончиќ не го криеше незадоволството, а и покрај одличните бројки беше самокритичен.

Дончиќ порача дека мора да бидат подобри ако сакаат да дојдат до шампионскиот прстен.

„Имавме прилики, не ги искористивме. Секој пораз е пропуштена шанса. Во натпреварот победува оној кој ќе постигне повеќе кошеви, сега тоа беа тие. Бостон е тим со одлични кошаркари, не беа случајно први. Мораме да се подготвиме подобро, посебно јас“, изјави Дончиќ.

По двата натпревари на кои Бостон беше домаќин сега серијата се сели во Далас, а следниот натпревар се игра од 02:30 часот ноќта помеѓу среда и четврток.