Дончиќ го добива најголемиот договор во историјата на НБА вреден – 350 милиони долари!

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, правеше чуда синоќа во победата против Хјустон рокитс (125-107) во која како од шега постигна 47 поени, а имаше уште 12 скока и седум асистенции.

Тој си поигруваше со противничките играчи и реализираше „флоутери“ од речиси од седум метри, делумно и поради тоа што знаеше дека на дербито за Тексас го исполни условот што ќе му донесе големо богатство. За Словенцот тоа беше 65. натпревар сезонава (пропушти само девет меча), со што ги исполни критериумите потребни за добивање поединечни бонуси. Тие и не се толку важни за кошаркарие, бидејќи носат други придобивки кога се во прашање договорите, па сега Дончиќ може да смета на најголемиот договор во историјата на НБА.

Доколку биде избран во една од трите најдобри пет на НБА лигата (а сигурно е дека ќе биде во првата), словенечкиот репрезентативец в година ќе може да го потпише т.н. супер- максимален договор. Ваков договор можат да потпишат само кошаркари со седумгодишно искуство (затоа нема да се случи летово), а притоа треба да исполнат услови како избор во првата петорка, учество во Ол-стар... Нема сомнеж дека ништо нема да го спречи Дончиќ да добие договор каков што никој друг нема во кошарката.

Според некои проценки, Дончиќ за само една сезона би требало да добие договор кој ќе вреди повеќе од 80 милиони долари или 35 отсто од „селери-капот“ на Далас. Севкупно, тој би можел да добие петгодишен договор вреден 346 милиони долари или во просек 70 милиони долари – сума што би се зголемувало од година во година. Во моментов најголем годишен договор во НБА има Џејлин Браун од Бостон селтикс со 57,25 милиони долари, додека зад него е Никола Јокиќ со 55,3 милиони долари кои му ги исплаќа шампионот Денвер.