Добри вести за Голден Стејт: Кари се враќа побрзо од очекуваното!?

Голден Стејт вориорс се мачи со повреди сезонава, а еден од нивните најдобри кошаркари Стеф Кари веќе долго време е надвор од паркетот, но сепак постои можност да се врати наскоро во игра.

Кари се повреди во октомври минатата година по што беше соопштено дека ќе паузира до крајот на сезоната, но очигледно работите се смениле во позитивен правец, па одличниот кошаркар може да се врати на паркетот на почетокот на март.

Тоа значи дека Кари би одиграл 15-20 натпревари за Голден Стејт и така би им помогнал да остварат барем подобри резултати до крајот на сезоната, зашто досега „воините“ имаат 10 победи и 34 порази.