Дивац поради бизарна причина не го ангажирал Дончиќ во Сакраменто

Лука Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата во моментов. Словенецот прави чуда во дресот на Далас маверикс, но денес можел да носи дрес на друга екипа да не била грешката на Владе Дивац.

Сакраменто кингс го сакала Дончиќ, меѓутоа генералниот менаџер Дивац решил да го прескокне изборот затоа што не бил фан на неговиот татко Саша.

„Дивац можеше лесно да дојде до Лука, но фактот дека го познаваше неговиот татко влијаеше на одлуката. Тој сметал дека таков е таткото, таков ќе биде и синот“, порача Адријан Војнаровски.