Денвер им се врати на победите, на Јокиќ му недостасуваше асистенција за трипл-дабл (ВИДЕО)

По четири порази во низа, Денвер конечно победи откако со 119-100 славеше на гостувањето кај Детроит, Никола Јокиќ беше најдобар на теренот и малку недостасуваше да запише нов трипл-дабл.

Натпреварот беше изедначен три четвртини, во последниот период се влезе со нерешени 86-86, а тогаш Денвер го крена нивото, тие последни 12 минути ги доби со 33-14 и дојде до убедлива победа од 119-100.

Никола Јокиќ имаше 30 поени, 10 скокови и 9 асистенции, одличен кај Денвер беше и Калдвел Поуп кој реализираше 20 поени. Кај Детроит Мекгрудер постигна 20 поени.

Милвоки откако претходно го завери местото во плејофот, синоќа загуби на свој терен од Индијана со 139-123. Адетокумбо беше најефикасен со 25 поени, имаше и девет скокови, во составот на Индијана Нембхард постигна 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит - Денвер 100-119, Бруклин - Сакраменто 96-101, Торонто - Оклахома 128-111, Милвоки - Индијана 123-139, Феникс - Орландо 116-113.