Далас го победи Денвер со нерегуларен кош!? (ФОТО)

Исклучително интересен дуел одиграа екипите на Далас и Денвер кој беше решен во последната секунда, со кош на Кајри Ирвинг.

Освен што предизвика големо возхитување, тој кош сега е и предмет на полемика бидејќи некои тврдат дека е нерегуларен.

Се појавија снимки на кои се гледа дека Ирвинг, наводно, гази на аут-линијата, но тие се матни, па не може да јасно да се забележи дали со дел од патиката навистина е во аут. Судиите не го разгледуваа случајот и интересна ќе биде реакцијата на НБА.