Бруклин го исфрли Ирвинг од екипата!

Американскиот кошаркар Кајри Ирвинг беше исфрлен од тимот пред мечот против Милвоки бакс затоа што одби да се вакцинира против ковид-19.

Ирвинг нема да може да тренира со неговите соиграчи во Бруклин сѐ додека не попушти и не прими вакцина против вирусот.

„Откако ја разгледавме ситуацијата, одлучивме Ирвинг да не тренира, ниту да се натпреварува со екипата. Тој донесе лична одлука и го почитуваме. Неговиот избор го ограничува да биде дел од тимот и нема да дозволиме ниту еден наш член да учествува со скратено време на тренинзи“, соопштија од тимот.