Браќата на Јокиќ сакаа да се тепаат: Дојди ваму, ќе ти е*ам мајката! (ВИДЕО)

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше исклучен по брутален прекршок врз Камерон Пејн, а потоа се случи инцидентот со Девин Букер, која ептен ги налути браќата на српскиот кошаркар.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи како Немања и Страхиња беа гневни поради хаосот на теренот и сакаа да го одбранат нивниот брат, но за голема среќа не се вмешаа во пресметката зашто хаосот ќе беше уште поголем.

Јокиќ ја освои наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, но не успеа да го однесе Денвер до самиот крај во плејофот.