Бостон пред пласман во следната рунда, Оклахома намали против Портланд (ВИДЕО)

Бостон поведе со 3-0 против Индијана во првата рунда од плејофот на Источната конференција, откако славеше на гостински терен со 96-104.

Џејлен Браун беше лидер во таборот на Селтикс со 23 поени, додека Кајри Ирвинг постигна 19 поени и 10 асистенции. Тајрик Еванс со 19 поени најмногу се истакна во составот на Пејсерс. Четвртиот натпревар се игра повторно во Индијана.

Расел Вестбрук ја однесе Оклахома до победа од 120-108 против Портланд за да намали на 2-1 во меѓусебната серија. Првата ѕвезда на Тандер постигна 33 поени, а имаше и 11 асистенции. Демијан Лилард за гостите постигна 32 поени.

Торонто го врати едниот „брејк“ против Орландо со триумф од 98-93 на гостински терен за водство од 2-1. Паскал Сиакам со 30 поени и 11 скока беше најзаслужен за триумфот на Репторс, додека кај Меџик, Теренс Рос имаше најзабележителен настап со 24 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=F1nmeegXKFA