Бостон ќе го повлече дресот на легендарниот Кевин Гарнет (ФОТО)

Екипата на Бостон селтикс донесе одлука да го повлече дресот со број пет во чест на легендарниот кошаркар Кевин Гарнет, кој настапуваше во нивниот тим од 2007 до 2013 година и за тоа време успеа да освои еден шампионски прстен во 2008 заедно со Реј Ален и Пол Пирс.

Во дресот на НБА-екипата Гарнет одигра 396 меча и во просек постигнуваше по 15,7 поени, 8,3 скокови и 2,7 асистенции.

„Чест ми е и благодарен сум што мојот број ќе биде пензиониран во Бостон. Секогаш ќе имам голема почит и благодарност до сопствениците, моите поранешни соиграчи и навивачите“, порача Гарнет.