Бостон ја освои рекордната 18. титула, Браун избран за МВП (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон селтикс триумфираа против Далас маверикс на домашен терен со 106-88 и ја освоија рекордната 18. титула во НБА-лигата.

На натпреварот немаше резултатска драма, туку јасно беше дека Бостон ќе ја освои титулата, откако уште на полувремето замина со предност од 21 поен. Далас во второто полувреме не успеа да направи сензација и пресврт, па на крајот мораше да го прифати поразот.

Одличен натпревар одигра Џејсон Тејтум кој постигна 31 поен, осум скокови и 11 асистенции, но неговиот колега Џејлен Браун во петтиот меч имаше 21 поен, осум скокови и шест асистенции, а со тоа ја доби и МВП-наградата во финалето.

Во редовите на поразениот тим Лука Дончиќ се бореше и постигна 28 поени, 12 скокови и пет асистенции, но тоа не беше доволно за да го спаси Далас маверикс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA (@nba)