Бизарно: Полицајци го сликале телото на Брајант, ги покажувале фотографиите и се смееле!

Сопругата на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Ванеса Брајант ја бара правдата за нејзиниот сопруг кој загина во хеликоптерска несреќа со ќерката Џиана и уште неколку лица.

Адвокатот на Ванеса, Луис Ли кажа пред Судот во Лос Анџелес дека полицајците под надлежност на шерифот на Лос Анџелес и пожарникари пристигнале на местото на несреќата во 2020 година, при што направиле неколку фотографии.

Полицајците го фотографирале телото на Коби, по што ги покажувале фотографиите на останати лица и се смееле, а поради тоа Ванеса сака да бидат казнети.

„Тие ги објавувале сликите додека играле видео-игри. Ги споделувале со луѓе, кои немале причина да ги добијат фотографиите. 26 јануари 2020 година е најлош ден во животот на Ванеса, а полицијата ѝ го направи уште полош“, вели Ли.

Ванеса претходно одби 2,5 милиони долари за да се договори со државата и продолжи да ја бара правдата.