Бивш НБА-кошаркар не сака карантин: Јас сум самохран родител, нема да бидам затворен!

Кошаркарот на Макаби Тел Авив и поранешна ѕвезда од НБА-лигата, Амаре Стадермаер вели дека не е среќен поради барањата на лигата во заштитата од коронавирусот, според кои на кошаркарите ќе им биде забрането да одат во продавници, не може да се поздрави со соиграчите, а не смее да има ниту физички контакт со луѓето од клубот и семејството.

Израелската лига ќе продолжи на 20 јуни, а пред прекинот поради пандемијата на Ковид-19 беа одиграни 21 коло.

„Добив информација од лигата која бара од кошаркарите да останат дома два месеци додека сите останати може да уживаат во летото. Јас сум самохран татко, кој мора да води сметка за својот син. Нема шанси да останам дома два месеци“, напиша Стадемаер.