Бекот на Мајами едвај влезе во финале, па победи во натпреварувањето во тројки (ВИДЕО)

Кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро го освои натпреварувањето во шутирање тројки на ол-стар викендот.

Бекот на Мајами едвај влезе во финалето и таму се најде само затоаш то Демијан Лилард од последната позиција не уфрли една топка повеќе. Хиро во финалето беше подобар од фаворизираниот Бади Хил кој на почетокот имаше 31 поен и остави најдобар впечаток.

Хиро успеа да дојде до финалето откако: Кем Џонсон, Кејд Канингем, Норман Пауел и Демијан Лилард не успеаа да дојдат до бројката од 20 поени, па тој помина со 19, додека Дариус Жерланд имаше 24.

Бекот на Кливленд шутираше лошо во финалето. Освои 19 поени. Хируо успеа да освои 24 погодувајќи ги двете зелени топки, што беше и клучно на крајот.

Бади Хил од друга страна погоди само еднао д првите топки, потоа успеа да врзе неколку и да му се доближи на Хиро. Можеше да дојде и до победа, но мораше од последната позиција да ги погоди сите топки, а откако промаши една трофејот го освои кошаркарот на Мајами.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA (@nba)