Атланта плати за сите фрустрации: Лејкерс со 141 поен ставија крај на лузерската серија (ВИДЕО)
Тоа беше еден од најефикасните натпревари на тимот од Калифорнија оваа сезона, а дојде откако претходно екипата загуби од Сан Антонио, Милвоки и Сакраменто. Многу работи беа решени во првото полувреме во кое Лејкерс постигнаа дури 81 поен и на голем одмор заминаа со 21 разлика. Атланта немаше сили во вториот дел да направи пресврт и евентуално да го загрози триумфот на домаќинот.
Леброн Џејмс беше на само еден скок од трипл дабл што би бил нов рекорд во НБА затоа што тој неодамна наполни 41 година. Постигна 31 поен, 10 асистенции и девет скока, а му помогнаа Дончиќ кој заврши со 27 поени, 12 асистенции и пет скока, како и Диандре Ејтон кој постигна 17 поени и 18 скока. Александар Вокер ја предводеше Атланта со 26 поени.
Лејкерс се на петтото место на Истокот со 24 поени и 14 порази, но имаа три натпревари помалку од четвртопласираната Минесота и два од Сан Антониони Денвер. Атланта е деветта на Истокот, а синоќа го доживеа првиот пораз по трите победи во низа.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами - Феникс 127-121
Хјустон - Чикаго 119-113
Милвоки - Минесота 106-139
Њу Орлеанс - Денвер 116-122
Оклахома - Сан Антонио 119-98
ЛА Лејкерс - Атланта 141-116
Голден - Стејт - Портланд 119-97