Атаман ги налути Србите: Турчинот Шенгун е многу подобар од Никола Јокиќ!
Тој истакна дека Шенгун технички доминира на нискиот пост, но дека неговата најголема предност е неверојатната способност за додавање. Според него, тоа го издвојува од конкуренцијата, па дури и од центарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој за многумина е најдобар во светот во моментов.
„Технички, Шенгун е одличен на нискиот пост, но е најдобар центар на светот кога станува збор за додавање. По мое мислење, тој е многу подобар и од Јокиќ. Има само 22–23 години и уште повеќе ќе напредува,“ изјави Атаман.

Турскиот стратег додаде дека Шенгун може да се користи и како плејмејкер, дека е речиси невозможно да се брани еден на еден и дека поседува широк офанзивен арсенал.
„Тој е стрелец, скокач и ќе видите дека оваа година ќе има многу трипл-дабл учиноци во НБА. Таму е полесно – не сакаат многу да играат одбрана“, порача Атаман со доза на хумор.
Изјавата на турскиот тренер не беше добро примена во Србија, каде што медиумите и навивачите преку коментари жестоко го нападнаа и го нарекоа – кловн.
ФОТО: EPA PHOTO