Американците предвидуваат: Кливленд и Г. Стејт ќе играат во сите НБА-финалиња до - 2050 година! (ВИДЕО)

Фактот што екипите на Кливленд кавалирс и на Голден стејт вориорс четврта година по ред се дел од НБА-финалето е причината што американските медиуми почнаа да прогнозираат дека тие ќе бидат дел од последната пресметка за титулата и во следните 30 години.

Секако, станува збор за сатиричен осврт на колегите од „Бличерс рипорт“, кои дури и прогнозираат учество на клонови, па дури и на наследниците на сегашните ѕвезди на двата тима. Сето ова можеби делува смешно во моментов, но со прикажаното на паркетот нема воопшто да биде изненадување ако „коњаниците“ и „воините“ се сретнат во НБА-финалето и во следните години, но секако не до 2050 како што се прогнозира во видеото.