Жељко му одржа лекција на Спанулис: Перфектна недела за Партизан во Евролигата!
Црно-белите започна цврсто, но Французите брзо возвратија и поведоа. Сепак, одличната игра на Двејн Вашингтон и Стерлинг Браун го вратија српскиот тим во предност. До крајот на првото полувреме, Партизан успеа да се одвои и на моменти имаше двоцифрена предност. Во второто полувреме, Монако се обиде да се врати, но Партизан со силна одбрана и ефикасен напад ја одржа контролата врз натпреварот. Клучни моменти беа тројките на Бонга и Лундберг, како и агресивната игра на Брендон Дејвис и Тајрик Џонс.
Најдобри поединци кај Партизан беа Браун со 18 поени, Џонс со 17 и 7 скокови, Дејвис со 15, додека Лундберг и Вашингтон постигнаа по 11 поени. Кај Монако, Калатес уфрли 14, а Мајк Џејмс 13 поени, но со слаб шут (3/13). Тренерот на белграѓани, Жељко Обрадовиќ, со ова му одржа триумф на некогашниот пулен, Василис Спанулис, со кого повеќе од една деценија не зборува бидејќи го предаде и од неговиот Панатинаикос премина во ривалскиот Олимпијакос.
Со оваа победа, Партизан, за кого ова е перфектна недела со оглед на триумфот над Виртус Болоња пред два дена, сега има биланс 14-12 и е деветти во Евролигата, додека Монако е на 16-10.