Зенит ја прекина доминацијата на ЦСКА во ВТБ-лигата!

Кошаркарите на ЦСКА Москва загубија од Зенит Санкт Петербург со 75-81 и така останаа без титулата во ВТБ-лигата за првпат од 2011 година.

Зенит до трофеј ги предводеше Џордан Мајки со 19 поени, додека кај ЦСКА најефикасен бил Никола Милутинов со 16 поени и 17 скокови.

Екипата од Санкт Петербург имаше негатива од 1-3 во серијата, но потоа со неверојатен пресврт го освои трофејот.