Зенит го совлада Милано и „врза“ две победи по ред во Евролигата

Зенит вечерва славеше против Милано со 79-70 во заостанатиот натпревар од петтото коло во кошаркарската Евролига.

Милано го отвори мечот со серија од 5-0, но потоа Зенит врати со серија од 10 поени по ред (10-5), по што се водеше израмнета борба до крајот на првата четвртина (19-15), а потоа рускиот тим избега на +10 (36-26), но италијанската екипа до полувреме намали на 38-40.

Гостите успеаа да направат и пресврт во третата четвртина (44-42), по што Зенит израмни на 54-54, а во последната четвртина влезе во неверојатен ритам и славеше со 79-70.

Пангос беше најдобар во екипата на Зенит со 16 поени, а исто толку на спротивната страна постигна Пантер.