Урнебес по Ел Класико: Кампацо опцу среде изјава, па молеше да не биде казнет (ВИДЕО)

Плејмејкерот на Реал, Факундо Кампацо беше херој на својот тим во победата против Барселона во Блауграна, постигнувајќи тројка на две секунди пред крајот на основниот дел со која го однесе мечот во продолжение.

Подоцна се играа уште пет минути, вкупно 50 по кои Реал излезе како победник со 97-90 за прва победа на гостински терен во Евролигата оваа сезона. Кампацо оствари дабл дабл со 18 поени и 10 асистенции, а одличното расположение го држеше и по мечот, додека даваше изјава. Аргентинецот ненамерно опцу, па потоа на смеа молеше да не биде казнет од Евролигата.

„Се обидов да го повикам Марио (Хезоња н.з.) на пикенрол, видов дека тие за*баа, па... извинете, извинете, англискиот јазик ми е лош, ве молам немој да ме казните“, се смееше Кампацо, а со него и коментаторот на Евролига.

Тој е една од најсветлите точки оваа сезона во тимот на Реал кој се уште го бара својот ритам и е далеку од врвот во Евролигата.