Уникс подобар и од Локомотив, пет поени за Димитријевиќ

Рускиот гигант Уникс Казан вечерва славеше на гостувањето кај Локомотив Кубан со 82-70 за 11. триумф во ВТБ-лигата по 12 одиграни кола, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна само пет поени.

Уникс уште еднаш покажа дека нема конкуренција во ВТБ-лигата, освен ЦСКА Москва, па на Локомотив му даде дури 29 поени, а прими само девет во првите 10 минути. Предноста на тимот на Димитријевиќ продолжи да расте до полувреме и достигна 50-20, по што беше јасно кој ќе стигне до бодовите.

Локомотив одигра пристојно второ полувреме во кое Уникс ги одмараше своите кошаркари, па така домаќинот намали на 70-82 до крајот на натпреварот.

Димитријевиќ постигна пет поени, четири асистенции и еден скок, додека најефикасен во победничкиот состав беше Дерил Мејкон со 20 поени.