Уникс ја прегази Црвена Звезда во Белград (ВИДЕО)

Уникс Казањ славеше со 98-78 на гостувањето кај Црвена Звезда во рамки на 12.коло во кошаркарската Евролига. 

Рускиот состав постави клупски рекорд од 15 тројки и водеше од почеток до крајот на натпреварот за да ја запише шестата победа на последните седум натпревари. За белграѓани ова беше трет пораз по ред во елитата.

Џон Браун со 18 поени и Марио Хезоња со еден помалку го предводеа Уникс до триумфот. Кај Црвена Звезда најефикасен беше Остин Холинс со 15 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Монако - Лион Вилербан 84-85
Милано - Олимпијакос 72-93
Барселона - Жалгирис 96-83