Теодосиќ го „нокаутира“ шампионот на Италија и веднаш беше прогласен за МВП (ВИДЕО)

Виртус беше во голема негатива во дуелот со актуелниот шампион на Италија, рејер Венеција (6-19), а потоа на паркетот влезе Милош Теодосиќ.

Искусниот плејмејкер уште во првиот допир со топката успеа да постигне три поени и го најави големиот пресврт.

Србинот на крајот од мечот имаше постигнато 22 поени и седум асистенции, а неговиот деби настап беше награден и со наградата за МВП на колото во италијанскиот шампионат.