Тенерифе за нијанса подобро од Хувентуд, Димитријевиќ запиша десет поени

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра 20 минути во поразот на Хувентуд од Тенерифе со 82-86 во шестото коло од шпанската лига.

Двете екипи водеа голема борба на теренот, а резултатот по првата четвртина беше 22-22, додека на полувреме изнесуваше 43-43.

Тенерифе, сепак, во второто полувреме заигра за нијанса подобро и на крајот избори победа од четири поени разлика (86-82).

Димитријевиќ успеа да постигне 10 поени и притоа имаше три асистенции.