Тажна вест среде натпреварот на Партизан: Почина таткото на Зек Ледеј

Кошаркарот на Партизан, Зек Ледеј вечерва објави дека починал неговиот татко поради кого замина за САД непосредно по завчерашниот натпревар против Барселона во Евролигата.

Веста ја објави лично Ледеј, преку социјалните мрежи, среде мечот меѓу Партизан и ФМП во рамките на АБА натпреварувањето.

„Те сакам, тато, нема повеќе болка и страдање“, напиша американскиот кошаркар кој од 2021 година е член на „црно-белите“.

Поради ваквиот развој на настаните, неизвесно е дали Ледеј ќе се врати навреме во Белград за дуелите со Басконија и Реал Мадрид во претстојните две кола од Евролигата.