
Слукас МВП на евролигашкиот фајнал-фор
Плејмејкерот на Панатинаикос првпат во кариерата го доби ова признание и им се придружи на своите сонародници Теодорос Папалукас, Димитрис Дијамантидис и Василис Спанулис кои претходно ја освојуваа наградата.
Финалниот меч, Слукас го одигра фантастично, за 25 минути во игра постигна 24 поени со само едно промашување и тоа аод линијата за слободни фрлања, а додаде уште 2 скока и 3 асистенции за индекс 31.