Руското обвинителство бара девет ипол години затвор за американска кошаркарка

Американската кошаркарка Бритни Грајнер излезе пред суд поради поседување и кримчарење на дрога, па сега ѝ се заканува затворска казна од девет ипол години, колку што побара руското обвинителство.

Судењето е блиску до крајот по шест месеци притвор за поранешната олимписка шампионка, која беше уапсена во февруари на руски аеродром.

Одбраната на Американката се обиде да изнесе сведоци пред судот за да зборуваат позитивно за популарната кошаркарка, која со успех го носеше дресот и на Екатеринбург, но сепак сè било залудно.