Рускиот суд ја осуди американската кошаркарка на девет години затвор!

Американската кошарка Бритни Грајнер доби затворска казна од девет години, откако денеска рускиот суд ја прогласи за виновна за криумчарење на дрога.

Судот соопшти дека 31-годишната Американка, која двапати го освои златниот олимписки медал, намерно го направила делото, иако била свесна за законите кои важат во Русија.

На Грајнер ѝ беше пронајдено масло од канабис на аерором, а руското обвинителство бараше затворска казна од девет ипол години и парична казна од 16.000 евра.

„Никогаш не сакав никого да повредам. Никогаш немав намера да го загрозам руското население. Не сум прекршила други закони во Русија. Направив искрена грешка и се надевам дека вашата пресуда нема да го заврши мојот живот во Русија“, кажа кошаркарката.