Револуција во европската кошарка: Се спојуваат Еврокупот и Лигата на шампионите

ФИБА и Евролига последните две години одлично функционираат, делумно го решија проблемот околу квалификациите, а на добар пат се да создадат уште едно супер-натпреварување.

Шпанскиот портал Опинион пренесува дека во напредна фаза се преговорите за спојување на Еврокупот кој го организира Евролига и Лигата на шампионите на ФИБА, а целата операција би требало да биде завршена пред почетокот на сезоната 2025/26. Наводно, во новото натпреварување би требало да учествуваат 36 екипи, но уште не е познато каков би бил системот, кои клубови би требало да ги пополнат места и дали, евентуално, пласманот би влијаел на учеството во Евролигата.

Едно од прашањата за кои се зборува е преносот на спонзорствата, како и телевизиските права со оглед на тоа што веќе се потпишани долгорочни договори. Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса смета дека четири клупски натпреварувања се премногу и дека треба да се направи нов систем.