
Реал по 37. пат е шампион на Шпанија
Без поголеми проблеми, „кралскиот клуб“ ја победи Мурсија со 3-0, а вечерва, во првиот и единствен меч како гостин славеше со 84-73. Со тоа стигна до 37. шампионска титула во шпанското првенство, а 15. откако тоа го носи името АЦБ лига.
Мурсија одигра одлично прво полувреме, на пауза замина со предност од осум поени разлика, но во третиот период Реал направи серија од 21-3 и на тој начин го сврте резултатот во своја корист. До крајот, домашниот тим не успеа да ја загрози победата на славниот ривал и остана без победа во својот прв настап од финалето.