Реал Мадрид со шеста победа по ред во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид остануваат на врвот во Евролигата откако вечерва со 85-68 го преслушаа Уникс Казањ во рамки на одложениот натпревар од 19.коло. 

„Кралевите“ до шестата победа по ред дојдоа убедливо, а во третиот период имаа и највисока предност од 31 поен. Валтер Таварес со 14 поени и 11 скока беше најдобар во редовите на шпанскиот тим, додека Лоренцо Браун со 13 поени најмногу се истакна кај Русите.

Реал Мадрид на врвот на табелата има скор од 17 победи и три порази, Барселона е втора со 16 победи и пет порази. 

На останатите натпревари вечерва, Макаби Тел Авив со 87-78 го совлада составот на Алба Берлин, додека Баерн на гости беше подобар од Лион Вилербан со 77-68.