
Реал Мадрид по продолжение го доби кошаркарското Ел Класико во Евролигата
Барселона пропушти да го совлада Реал Мадрид на негов терен. Каталонците водеа во најголем дел од мечот, со предност од девет разлика влегоа во последната четвртина, 59-50. Имаа и четири поени водство во последната минута, но Хезоња даде кош и намали на два разлика, следуваше добра одбрана при шут на Хигинс, па две погодени слободни фрлања на Љуљ за 73-73.
Во дополнителните пет минути Реал Мадрид беше подобар и на крајот го доби мечот со пет поени разлика, 91-86.
Во составот на Реал Мадрид Дек со 23 поени беше најдобар, Љуљ даде 19, Муса 17, кај Барселона Миротиќ реализираше 17, Саторански и Весели дадоа по 12.
Реал Мадрид е лидер на табелата во Евролигата пред Олимпијакос, Барселона е на четвртото место.