Рајковиќ држеше лекции – како со намерно утнато слободно и пораз да дојдеш до целта (ВИДЕО)
Турскиот претставник веќе има недостижен биланс, пред се поради подобриот скор во меѓусебните дуели со израелскиот состав, што гарантира дека ќе остане меѓу првите три екипи во групата. Клучниот момент што го осигура ова беше потегот на Рајковиќ во завршницата од мечот. Бидејќи Тофаш го доби првиот дуел со четири разлика (90-86), дури и пораз со истата минимална маргина му одговараше на тимот од Бурса. Во последните секунди, Фуркан Коркмаз изведуваше слободно фрлање што можеше да донесе водство од два поени и потенцијално да го одведе мечот во продолжение – ситуација во која Херцлија би добила нов обид да стигне победа повисока од четири поени.
По инструкција од Рајковиќ, турскиот репрезентативец намерно промаши, со што беше елиминиран ризикот од дополнителни пет минути игра. Ниту еден играч на Тофаш не направи фаул во последните моменти, па противникот не доби реална можност да стигне до посакуваниот резултат.
Тофаш сега гледа кон последниот натпревар, во кој дома го пречекува Трапани. Турскиот тим веќе славеше на гостувањето во Италија (91-89), па дури и најмала победа во Бурса ќе биде доволна за да го финишира како втор во групата. Во јануари, во плејинот што се игра на две победи, противник ќе му биде Шоле или Хапоел Холон.