Олимпијакос доцна се разбуди: Реал Мадрид ќе го брани тронот во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид триумфираа против Олимпијакос со 87-76 и се пласираа во финалето на Евролигата, каде што ќе се соочат против Панатинаикос.

„Кралскиот клуб“ имаше моќен старт на натпреварот и водство од 28-10 по првата четвртина, а предноста до полувреме се зголеми на 56-37.

Олимпијакос заигра за нијанса подобро во вториот дел и намали на девет поени негатива (67-76) на стартот на последната четвртина. Реал Мадрид, сепак, не дозволи драма во завршницата и на крајот славеше со 87-76.

Најефикасен во победничкиот состав беше Муса со 20 поени, три скока и две асистенции, додека Питерс постигна 23 поени и 10 скокови за Олимпијакос.