Олимпија Милано ќе игра во дресови посветени на - Коби Брајант (ФОТО)

Кошаркарите на Олимпија од Милано на завршниот турнир во Купот на Италија ќе играат во дресови посветени на починатиот Коби Брајант.

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заедно со 13-годишната ќерка и уште седум лица загина во пад на хеликоптер во Калифорнија, а беше погребан на приватна церемонија во петокот.

„Ова е уште еден начин да му се заблагодариме за тоа што го направи за кошарката ширум светот“, изјави сопственикот на клубот, Џорџо Армани.