Нема јунак да го запре Рајковиќ со ЦСКА – 21 победа по ред!

Московска ЦСКА предводена од македонскиот стратег Емил Рајковиќ продолжи со својата доминација во ВТБ-лигата, па нема јунак што може да ги запре, откако „армејците“ денеска ја запишаа 21-та победа по ред продолжувајќи го неверојатниот рекорд.

ЦСКА пред две кола постави нов рекорд уривајќи го тој на Химки од пред една деценија со 19-та победа, па сега ги поместија границите со триумфот со 100-72 против Астана за да ја продолжат тоталната доминација во лигата.

Никола Милутонов со 15 поени беше најефикасен кај ЦСКА и предводник во новиот триумф, а „армејците“ уште по првата четвртина направија двоцифрна предност (30-15), па сѐ потоа беше сѐ полесно за да дојдат до новата победа.