Најдобриот кошаркар на Партизан се сели во Атина – добива пет милиони евра за две години!

Најдобриот кошаркар на белградски Партизан, Кевин Пантер, кој имаше сезона за паметење во Евролигата е пред заминување во Атина, откако грчкиот портал „Експрес Спорт“ објави дека Панатинаикос веќе му понудил пет милиони евра за две години.

Панатинаикос после ужасно лошата сезона во најсилната европска лига прави дрим-тим со трофејниот турски тренер Ергин Атаман, со цел да се вратат во самиот врв, а Пантер е означен како еден од лидерите на тимот кој треба да ја врати славата на зелено-белите.

Пантер е поранешен кошаркар на Олимпијакос и на Армани, а според изворите на грчкиот портал не бил подготвен да прифати далеку помала понуда од Партизан за да остане во Белград, за разлика од миленикот на Гробари, Матијас Лесор.