На Димитријевиќ не му одеше шутот, ама оствари 15 асистенции

Шампионот на ВТБ лигата, Уникс поведе со 1-0 во четвртфиналната серија од плејофот откако на домашен терен го победи Енисеј со 83-73.

Тимот од Казан, кој основниот дел од сезоната го заврши на првото место, долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот, но на крајот оствари и убедлива победа. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ немаше свој ден на реализаторски план, погоди само 3/8 од игра, но затоа максимално ги разигра своите соиграчи, остварувајќи дури 15 асистенции, што е негов рекорд на кариерата, за индекс 23.

Уникс ќе биде домаќин и на вториот меч од серијата кој ќе се игра на 25 април. Во оваа фаза се игра до три добиени натпревари.