МВП Шортс му го донесе на Париз првиот трофеј во историјата

Првпат во историјата, Париз е освојувач на Купот на Франција откако во денешното финале го совлада Нантер со 90-85.

До триумфот, тимот од престолнината стигна благодарение на подобрата игра во последната четвртина која ја доби со 26-15, но најважната работа ја заврши синоќа со победата против против актуелниот шампион и најголем фаворит Монако. На двата натпревара блескаше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој на крајот е прогласен и за МВП на турнирот од Купот.

Вечерва тој постигна 26 поени, вклучувајќи го можеби и клучнииот кош на 46 секунди пред крајот со кој го однесе Париз на +5 (89-84).

Париз Баскет постои само нешто повеќе од пет години, а мнмогумина во блиска иднина го гледаат како учесник во Евролигата.