Монако врза три триумфи по ред, Милано подобар од Алба Берлин

Кошаркарите на Монако ја запишаа третата победа по ред во Евролигата, откако вечерва триумфираа против Лион со 100-75, додека Милано на домашен паркет ја реши Алба Берлин со 84-76.

Лион издржа само една четвртина против ривалот (24-27), но потоа Монако почна да гради предност, која на полувреме изнесуваше 51-41, а како минуваше времето така резултатот на семафорот сè повеќе беше во прилог на гостинскиот тим, кој славеше со 100-75.

Најефикасен во победничката екипа Донатас Матијеунас со 22 постигнати поени и четири скокови, додека во тимот на Лион најдобар беше Марко Најт со 19 поени, девет скокови и две асистенции.

Милано славеше со 84-76 против Алба Берлин во последниот натпревар кој се играше вечерва во Евролигата, па така италијанскиот тим се врати на четвртата позиција на табелата.